Сите се сеќавате на срнчето Бамби од Белица: Неговите сопственици поминале 4 непреспиени ноќи, а потоа се случило вистинско чудо (Видео)

Сите го засакавме нежното срнче Бамби кое живее во домот на едно семејство во село Белица. Бамби ги освои симпатиите на цела Македонија, а пред четири дена се случил еден немил настан. Како што пишува на фејсбук страната “BELICA-БЕЛИЦА”, срнчето било нападнато од две кучиња при што побегнало во шумата и четири дена немало ниту трага ниту глас од него.

Сепак Бамби по четири дена се вратил во семејството, а на фејсбук страната е објавено ново видео од слаткото срнче.

“Денес е посебен среќен ден за фамилијата која е позната по тоа што го чува срнчето Бамби. Посебен е затоа што во неделеата во 14:15 часот срнчето Бамби било надвор во дворот пуштено во бавча и две големи кучиња го нападнале. Тоа уплашено побегнало во шума, а тие го бркале. Кога газдата слушнал веднаш тргнал по него да го бара. Кучињата ги сретнал, а срнчето продолжил да го бара и вика по него. Цело попладне ни трага ни глас од него. Така се продолжи четири дена да се бара на огромно планинско подрачје, со ноќи неубаво преспиени, се изгуби секоја надеж дека Бамби ќе се врати. Денес рано сабајле во 8:30 часот срнчето повторно си ги гушна своите газди кои го сакаат и хранат како свое дете. Во овој момент среќни сме сите што знаевме што се случи и што бевме тажни за срнчето. Не знаевме дали повторно некогаш ќе се врати”, пишува на Фејсбук страната BELICA – БЕЛИЦА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.