Сите пожapи во Прилеп и околината биле подметнати

Пожарите кои деновиве неповратно уништија над 500 хектари нискостеблеста шума и бор во Прилеп и околината се подметнати, соопшти Општинскиот штаб за кризи на Прилеп.

Сите се ставени под контрола без можност да се прошират. Полицијата трага по подметнувачите, но сеуште без конкретен резултат, беше констатирано на денешната седница на општинскиот штаб за кризи.

Од денеска забранети се еднодневните екскурзии за учениците од основните училишта, а ќе се забрани движењето по шумите на подрачјето од прилепската и околните општини.

Во ставањето под контрола на опожарените локации особено кај превојот Плетвар, манастирите кај Зрзе и близу приградската населба Селце изминативе денови беа ангажирани над 600 луѓе од јавно комуналните претпријатија,од Македонски шуми, Дирекцијата за спасување и пожарникари, од Прилеп и околните општини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.