СИТЕ МУ ВИКАЛЕ ДЕКА ЌЕ ГО СТИГНЕ КЛЕТВАТА ОД ПРОКОЛНАТИОТ ДАБ: Еве што се случило со дрвосечачот на најпознатото дрво во Србија

Драган Јовчиќ (56) го исекол најпознатото дрво во Србија, шест векови стариот даб кој се наоѓа на кривината на коридорот 11.

Три години по сечењето на дрвото, Јовчиќ не доживеал ништо лошо, па и понатаму сече дрва за огрев, а го повторува она што го рекол и во јули 2015 година: “Чесно ја одработив работата за која ме повикаа, зошто би се плашел”.

“Да, имаше секакви приказни, дека ќе ми се случи ова или она бидејќи дрвото се сметало за “свето”, но ни тогаш не се плашев. Верувам во чесна работа и дека ако чесно работиш, нема да ти се врати со лошо. Еве три години поминаа, освен што остарев, ништо лошо не ми се случи ниту мене, ниту на најблиските. Од тогаш пресеков уште многу стебла за различна намена, но и понатаму не верувам во клетви”, вели Јовчиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.