Сите користиме микро печка, но дали знаете што не смеете да топлите во неа?

mikro-pecka

Брзиот живот и секојденвните обврски се незамисливи без микро печка, сите ја користиме но дали тоа го правиме правилно?

 

Постојат некои работи кои никако не смееме да ги ставиме во неа.

Никако не се обидувајте да направите јајца во микро, резултатот ќе биде катастрофа. Влагата која се создава внатре при работењето на микрото, ќе создаде хаос. Може да дојде и до експлозија.

Исто така не смее да ви падне напамет и да подгревате масло. Маслото од влагата ќе прска и ќе настане хаос, но исто така печката може да пукне и да се запали.

Не се става ниту метален сад, ни алуминиумска фолија.

Не треба да се пали микро печката ни ако е празна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.