Сите жители на ова село преку ноќ станаа милионери – само еден човек е заслужен за тоа

screenshot1-115

Сите 80 жители на на малото шпанско село Серезалес дел Кондадно, неодамна станаа милионери и тоа благодарејќи на еден човек.

Антониот Фернандез, милијардер и фалантропист, почина во август на 100 години, а во својот ексцентричен тестамент, оставил 200 милиони евра на жителите на селото во кое растел. На секого му припаднале по 2,3 милиони евра, а останале пари и за други трошоци како нов културен центар, пишува Дејли Меил.

Тој е роден во 1917 година, а со 14 години морал да го напушти школувањето. Имено, бил едно од 13 деца во неговото семејство и неговите родители едноставно не можеле да си дозволат школување за него. Потоа се оженил со Синија Гонзалес Диез, па на 32 години емигрирал во Мексимо, како се вработил во фирмата на нејзиниот вујко, Групо Модена (Која го произведува пивото Корона).

До 1971 година напредувал до лидер на компанијата и помогна не само Корона да стане најпопуларно пиво во Мексико, туку и прав светски феномен. Го извезувале во неговата родна Шпанија, под името Коронита. Корона Екстра пак е второ најувезувано пиво во Америка, со годишна продажба од 700 милиони долари

antonino-fernandez-k

Фернандез никогаш не заборавил на својата родна грутка, а поранешниот шпански крал Хуан Карлос ја одликуваше неговата хуманитарна работа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.