Поминаа 28 години од премиерата на филмот „Сам дома“, но тој сè уште е популарен, особено за време на божикните и новогодишните празници.
Куќата во која е снимен филмот навистина постои и се наоѓа во Илионис, САД. Но денес изгледа сосема поинаку од тогаш кога во неа живееше малиот Кевин (Меколи Калкин).
Британски „Сан“ ги предупредува фановите дека ќе бидат разочарани од новиот изглед на ентериерот со оглед на тоа што повеќе не наликува на оној од 90-тите.
Во 2001 година куќата била на продажба, а фотографиите сега се повторно актуелни на интернет.