„СИТЕ ВО ПРИРОДА“ – Голем планинарски настан во недела во Прилеп

Планинарското спортско здружение „Козјак“ од Прилеп, на 05 април 2026 година (недела), организира голем планинарски настан под мотото „СИТЕ ВО ПРИРОДА“, со поддршка од Општина Прилеп – Локална самоуправа и во соработка со основните и средните општински училишта.

Настанот претставува одлична можност за учениците, наставниците и сите граѓани да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да уживаат во убавините на прилепскиот регион.

Целта на настанот е да се поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото, особено кај младите.

Основни информации

  • Собир: 08:00 – 08:30 часот
  • Почетна точка: ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

Податоци за турата

  • Рута:
    ООУ „Гоце Делчев“ – Топташ – карпа „Момата“ – манастир „Св. Димитрија“ (с. Селце) – Народен театар „Војдан Чернодрински“
  • Должина: 10 км
  • Тежина: лесна (погодна за сите возрасти)

Дополнително

За сите учесници е обезбеден ручек – традиционално планинарско гравче, кој ќе се служи во манастирот „Св. Димитрија“ во с. Селце.

Организаторите апелираат учесниците да се подготват со соодветна планинарска опрема и добро расположение.

Контакт за информации

  • 075 371 848 – Христијан Секулоски
  • 075 983 711 – Михајло Топчиоски
  • 075 258 754 – Спасика Димкоска
  • 071 226 870 – Бранислав Попоски
  • 076 507 035 – Борче Мирчески
  • 078 544 253 – Кире Тошески




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.