Кога се зборува за валканата игра и грубите стартови, фудбалот ги памети Џенаро Гатузо и Џонатан Зебина во Сериа А, Џои Бартон во Премиер Лигата, Емре Белозоглу …. и редица други груби играчи чии стартови на фудбалскиот терен често биле неспортски.
Во денешно време се чини најмногу по својата грубост, но и намера се истакнува играчот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Стартот на Мохамед Салах и повредата која многумина оценија дека Рамос намерно му ја нанесе на Египќанецот во финалето на Лигата на шампиони, е само еден од неговите неспортски моменти во кариерата.
Некој се досетил и ги собрал повеќето гадни работи кои Рамос им ги има нанесено на противничките играчи: