Лидерите на сириските Курди се очекува денеска да прогласат посебен федерален регион во северна Сирија, за кој Обединетите Нации рекоа дека нема да го признаат.
Овој потег, според оценките, најверојатно ќе ги усложни напорите на Вашингтон за здружување на силите со Турција во борбата против милитантите на исламската држава кои се уште контролираат големи делови од Сирија и Ирак.
Курдските сили се меѓу најуспешните во борбата против ИД.
Од друга страна Турција со голема бунтовна курдска популација стравува дека создавањето на автономна курдска држава ќе биде закана за нејзиниот територијален интегритет.
Сириските Курди се решија на ваков потег откако не беа вклучени во мировните преговори за Сирија што под посредство на он се одржуваат во Женева.