Сириската војска ја обвини коалицијата на чело со САД дека планира да им дозволи на борците на т.н. Исламска Држава да побегнат од ирачкиот град Мосул преку сириската граница.
Војската најави дека ќе се спротистави на тој обид со сета сила.
Во соопштението на сириската војска се наведува дека планот на коалицијата која се залага за “обезбедување на патиштата и сигурноста на преминувањето на Сирија”, е да се овозможи на џихадистите да го консолидираат своето присуство и движење, пренесува Ројтерс.
МАРКУКУЛЕ.МК