Kралот на кокаинот заработувал од 50 до 70 милиони долари во една седмица, пеел како славеј и мирисал на репа. Себастијан се присетува како разговарал неговиот татко со него, но сепак издвојува еден совет како посебен.
Хуан Пабло Ескобар, денес познат како Себастијан Марокин, најстариот син на познатиот нарко-бос Пабло Ескобар, открива 11 неверојатни, до сега не познати нешта за животот на неговиот татко.
Пабло Ескобар, или “кралот на кокаинот”, со 35 години станал еден од најбогатите луѓе во светот, како водач на картелот кој го држел 80% од глобалниот пазар на кокаинот.
1. Прв пат користев марихуана на 28 години, дури 12 години после смртта на мојот татко. Токму тој секогаш ми велеше дека не треба да користам дрога – вели Себастијан Марокин.
2.Тврди дека кралот на кокаинот најмногу го лутело кога некој е нељубезен, кога некој не знае да каже “благодарам” и “ве молам”.
3.Oмилена фотографија на “Ел Патрон” е онаа каде е фотографиран пред Белата куќа, ја носел секогаш во новчаникот и истата е урамена во затворот “Ла Катедрал” каде Ескобар бил затворен од 1991 до 1992 година.
4.Себастијан Марокин вели дека никогаш не го видел својот татко како плаче
5.На својот син Ескобар првиот стан му го поклонил кога имал 11 години и му дозволувал да вози само еден мотор, иако ги имал многу
6. Себастијан открива дека неговиот татко со него разговарал отворено, но еден совет посебно го издвојува, а тоа е никогаш да не оди по неговите стапки
7.Ескобар еднаш го одвел целото семејство на 20 дена во САД. Себастијан се присетува дека неговиот татко тогаш потрошил многу пари на тоа патување. Толку многу, што кога стигнале на аеродромот имало повеќе лимузини од членови на семејството.
8.Се сеќава дека Ескобар секогаш мирисал на репа, затоа што премногу ја користел во исхраната.
9.Од трговијата со дрога заработувал помеѓу 50 до 70 милиони евра седмично
10.Себастијан тврди и тоа дека неговиот татко пеел како славеј
11.Поради добрите дела кои ги правел го добил прекарот “Робин Худ” бидејќи подарувал пари на сиромашните. Изградил 70 игралишта, но и домови за бездомниците , како и зоолошка градина.
Се проценува дека на средината од 80-тите, картелот на Ескобар заработувал 420 милиони долари, што на годишно ниво било околу 22 милијарди долари.
A.Г.