Синдикатот на одбраната и безбедноста бара исплата на награда за припадниците на МО и АРМ

Синдикатот на одбраната и безбедноста испрати барање за исплата на награда за припадниците на МО и АРМ, до Претседателот на државата, до Владата и до министерката за одбрана.

– Имено, во текот на вонредната состојба припадниците на МО и АРМ активно придонесуваат кон заштита на граѓаните на Р. Македонија и со својот труд и ангажман ја заслужуваат оваа награда, која што ќе значи оддавање на признание за нивниот зголемен ангажман, како и вреднување на нивниот придонес во остварувањето на целите на Република Македонија во борбата против вирусот, се вели во соопштението од Синдикатот на одбраната и безбедноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.