Сознанието дека живите суштества настануваат од јајце, од јајцето направи симбол за живот. Митот за настанокот на светот од јајцето е познат кај многу старите народи: Феничаните, Грците, Вавилонците, Египќаните, Индусите, Кинезите… Персијанците верувале дека во Исконското јајце кое се распаднало во Ормузда и Ахримана. Во спомен на тоа јајце, на пролет имале обичаи за меѓусебно дарување на јајце. Кај Индусите било раширено верувањето дека од јајце настанал Брама: од горната половина на лушпата настанало небото, а од долната земјата.
Грците верувале дека Ерос е најстар од сите богови од кој подоцна настанало се. Легендата објавена во Речникот на грчката и римската митологија, вели дека Ерос е старо божество на природата, кое со помош на љубовен копнеж обезбедува непрекинато создавање и постојана обнова на светот. Во темница, во страшна празнина, ноќта оплодена од ветерот, снесла сребрено јајце од кој изглегол богот со златни крила Ерос. Огромното јајце се сркшило на пола. Небото или Уран и Земјата или Геја. Ерос го поттикнал Уран и Геја да се соединат. Така почнало создавањето на светот.
Одбрана од уроци и град
Јајцето како симбол на живот добивало уште поголема сила ако се спојувало со црвената боја. Со боја која значи живот. Црвената боја е боја на радоста, а бидејќи Велигден е нај радосен празник бидејќи означува победа на животот над смртта, јајцата се вапцаат со црвена боја. Сите други бои не се во духот на православната традиција.
Од сексуалниот однос кој Зевс на измама го извршил со Немеза, богиња на девиците, настанало синото јајце. Сината боја била со необични преливи и нијанси па така и денес постои израз Немезино сино.
Денес вапцаното јајце се поврзува исклучиво за празникот на Воскресението или Велигден. Првите помени за боени јајца во христијанството се од 12 век, а точни податоци датираат од 16 век, кога и во нашите краеви се наоѓаат првите записи, кои наведуваат шарени јајца за Велигден, како што е законот за организација на работата на саските рудари, каде се вели: Кога ќе биде раѓањето Исусово и време на шарени јајца, т.е. Божик и Велигден, нека даруваат кон рудата…
Кај Србите постојат безброј верувања и обичаи во кои јајцето има важна улога. Тоа се става во одбрана на уроци и град: Во Стиг обичај е жената, кога прв пат ќе види мало дете, да го дарува со паричка за среќа, а со јајце за живот.
Општо познат обичај е за Велигден да се подготвуваат вапцани јајца, со кои ќе се омрсат тие кои постеле. Сите легенди за настанувањето на црвени и шарени јајца кај Србите, а тие се многу во народот, се поврзуваат за воскресението на Исус.
Во Левќа велат дека некаде во далечна земја жените виделе како војници го прогонуваат Исус, па да им попречат брзо обоиле јајца. Ги ставиле јајцата во скут и ги нуделе на војниците.
Тие застанувале вџашени од убавиот изглед на јајцата, што Исус го искористил и побегнал од потерницата. Од тогаш Господ го благословува вапцањето на јајцата. Приказната од бољевачкиот крај гласи: Кога Исус го симнале од кртот и го погребале, неговата мајка Марија му дошла на гробот и тука оставила неколку сварени јајца. Кога Исус во неделата воскреснал, јајцата на гробот поцрвенеле.
Од тогаш Господ наредил за секој Велигден да се бојат јајцата со црвена боја.
Зошто се фарбаат јајца
Интересно е кажувањето кое може да се слушне во Црна Гора. – Додека стражарите го чувале гробот на Исус од христијаните, им донеле за вечера печена кокошка. Еден од стражарите, по природа плашлив, постојано се плашел дека Исус ќе излезе од гробот. На неговите другари тоа им пречело, па еден му рекол дека тоа ќе се случи кога печената кокошка која треба да ја изедат ќе полета и ќе снесе црвено јајце.
Само што го рекол тоа, печената кокошка полетала и снесла црвено јајце. Стражарите скокнале на нозе и успеале само да го здогледаат Исус со ангели кои го креваат на небото.
Боењето и шарањето на јајцата се два различни процеси и обично не се прават заедно. Шарањето на јајцата најчесто се прави во среда или четврток во Средопосна недела. На Средопосна среда во Призрен се шара едно јајце, кое се вика страшник или крсташ и толку јајца колку што има во домот, т.е. за секого по едно.
Останатите јајца се шараат на Велики четврток или едноставно само се вапцаат. Шарањето на јајцата, според народното верување, е женска работа и се смета за светост. На шарањето се пристапува со побожност, љубов и чистина, бидејќи освен тоа што јајцата се подготвуваат за Велигден, се работи и со восок кој е незаменлив во религиските обреди. Тоа не може да го прави секоја жена, туку само таа на која Господ и дал дарба за сликање.
Шарањето на јајцата е женска работа
Постојат три основни видови на украсување на јајцата, кај кои се применува различна техника. Првиот вид претставува шарање на јајца на кои на било кој начин се прават цртежи и овие јајца пред се делуваат со цртежи и ликови, а потоа со бојата. Друг вид се шарени јајца кај кои ефектот се постигнува со различно сложување на боите, т.е. со механичко нанесување на лушпата на јајцето. Трет вид се јајца кои се украсуваат со лепење на листови од растенија или во поново време, со лепење на сликички.
За да се изведат орнаменти на јајцето, најчесто се применува техника позната во науката под името батик, под кое се подразбира цртање со восок, кој се нанесува со специјална алатка, па по боењето восокот се отстранува. Алатката е од бакарен лим. Во неа се топи восокот кој излегува низ цевче и така се излива во течен восок. Денес јајцата се фарбаат современо, со купување на боја или варзило, додека порано исклучиво се правело со растителни бои, од кои јајцето најдобро се боело во црвено ако се бои во броч. Боењето или вапцањето на јајцата се прави само во тек на Велика или Страсна денела. Секој ден од таа недела, според народната традиција е добар за боење но во различни краишта тоа се прави во различни денови. Некаде се бојат само на Велики петок и ништо друго не се работи тој ден, додека други сметаат дека Велики петок е празник и дека не смеат дури ни јајца да се бојат. Затоа тоа се прави и во среда, четврток или сабота.
Прво се вапца т.н. страшник
Страшникот е првото јајце кое се става во црвена боја да се свари и обои, а потоа се ставаат и другите јајца. Страшникот се чува во куќата до пред Ѓурѓовден, кога со разни билки се става во вода да преноќи. Наутро сите во домот се мијат со таа вода да бидат здрави и румени како јајцето. Потоа тоа јајце обично се нози на лозје, бидејќи се верува дека заштитува од град. Во околината на Чачак тоа јајце, кое уште се нарекува и чувар или чуваркуќа, се чува се додека не се вапца ново јајце следната година, бидејќи за него се верува дека ја чува куќата од надворешни несреќи.
Кога тоа ќе се обои новото јајце чувар, старото се фрла во реката Морава, да ги однесе сите зла и несреќи кои паднале на него, наместо на куќата која ја чувало. Црвената боја, т.е. црвеното велигденско јајце е во духот на православието. Црвената боја е боја на радоста, а бидејќи Велигден е најрадосен празник, бидејќи означува победа на животот над смртта, затоа и јајцата се бојат со црвена боја. Сите други бои не се во духот на христијанската традиција.