Силно невреме го погоди попладнево Прилеп
Нестабилното време и денеска се задржа во Пелагонискиот регион.
Попладнево силно невpeме пpocледено со силен дожд, силни електирични празнења и град, го погоди Прилеп.
Невpeмето траше 20-тина минути и предизвика поплави по улиците, булеварите, а засега нема информации за нови предизвикани штети врз земјоделските култури.
Од големото количество на вода целосно се зголеми и нивото на Градската река.