Силен ветер во Битолско, предизвикани штети на јавни и приватни објекти

silen-veter

Силниот ветер кој со најмоќни удари дуваше во периодот од 05.30 до 6.30 часот предизвика повеќе штети на приватни и јавни објекти во Битола и Битолско.

Од регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување од кризи потврдија дека се прибираат информации за предизвикани штети, откорнати дрвја и настрешници, а во повеќе села има и прекин на снабдувањето со електрична енергија, пишува МИА.

– Повеќе и поконкретни информации ќе соопштиме во текот на денот, истакна Димче Јошевски, раководител на регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување од кризи во Битола.

Според АМСМ, ветар со силен интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.