Се јави Лиле Поповска… ама касно… и нејзиниот глас е причина за ова денеска

– ПОГРЕШНО ЧИТАЊЕ на Уставот! Нема никаква забрана за зборот Македонија! Секоја страна си го употребува со свое значење и толку! Какво е ова исчашување на и онака тенката смисла што остана во тој текст, кој беше потпишан под уцена на Македонија како држава!? Македонија, Македонци, македонски јазик, се единствените светли точки во текстот, а сега наши министри сакаат да ги избришат и нив!? НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ – коментира претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Ваквата реакција доаѓа откако министерот за правда Бојан Маричиќ во толкувањето на Договорот од Преспа стана поголем папа од папата. Тој ја забрани употребата на терминот Македонија во називот на невладина организација, што нема да биде финансирана од државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.