Се јавија од општина Струмица: Никој не “пинал малко” при изградбата на новиот кружен тек, причината е друга

Заради големиот број на реакции од страна на јавноста, а како транспарентна и отчетна Општина го даваме следното објаснување за потребата за изградба на крстосница со такво сообраќајно решение – велат од општина Струмица.

Во продолжение интегралното соопштение од општината, откако социјалните мрежи зовреа со коментари за новиот кружен тек во градот.

“Прво, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.

Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите надлежни институции и стручни лица.

Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинов“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно извршени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во многу поголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот.

Ја замолуваме јавноста за трпение проектот целосно да се заврши, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.

Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради големиот број на сообраќајни несреќи и загушувања кои постојат на таа крстосница за што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија”.

“Пина малко”: Новиот кружен во Струмица е доказ дека гајба пиво на работниците се дава кога ќе доработат (Видео)

A ние одма помисливме дека било вака…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.