Се шетала на плажата и пронашла нешто што личи на ѓавол: Невремето исфрлило се’ и сешто, па и ова необично суштество (ФОТО)

Хана Мери од Нов Зеланд се шетала на брегот, кога на плажата забележала остатоци од едно необично суштество.

После невремето, морето исфрлило се’ и сешто на плажата, а овој скелет го привлече вниманието на тамошните медиуми.

“Прво помислив дека се работи за нешто вонземско. Бев фасцинирана”, рекла Хана.

Со нејзината ќерка го однесла мистериозниот скелет кај експерт за препарирање на животни, но тој не можел да им помогне.

Кога фотографиите завршиле на социјалните мрежи, се појавиле и многубројни теории за што би можело да се работи.

Некои тврдат дека “изгледа како ѓавол”, дека тоа не е сигурно риба, но повеќето велат дека се работи за ража која потекнува од длабоките води.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.