“Се средува урбаниот хаос во Скопје?? Дивите бавчи се туркаат, граѓаните задоволни??” (ФОТО)

Деновиве Општина Центар започна со отстранување на нелегално поставени тереаси пред кафулињата.

Најголеми реакции се кренаа околу рушењето на дел од кафулето “Бастион” од каде за медиумите рекле дека Општина Центар насилно, без соодветна документација, а без да ја почитува веќе издадената дозвола од страна на Град Скопје, изврши рушење на дел од терасата на еден од најстарите кафе барови, а воедно и своевиден скопски бренд Бастион.

Од општина Центар пак децидни:

„По бројните жалби на жителите на општината и по донесувањето на решенијата, на засегнатите страни им беше оставен простор од повеќе од 6 месеци самите да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти. Бидејќи истите тоа не го сторија, општината пристапи кон административно извршување на донесените управни акти“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Акцијата на општината за справување со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината.

За време на рушењето на дивите тераси, беа поставени и маички со мотото од предизборната кампања на СДСМ, “Нов живот”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.