Се сеќавате на одличниот Бразилец од Челси? Се уште игра во Кина и вели дека ако останел во Европа ќе бил сиpoмашен

Поранешниот полушпиц на Челси, Бразилецот Оскар, на кого сите му предвидуваа блескава кариера, веќе 4 години настапува за клубот од Кина, Шангај Порт.

Оскар во 2017 година за дебела плата го напушти тимот од Лондон и се пресели во Кина, а неговиот учинок за Шангај досега е 31 погодок на 100 натпревари.

Замислете, Оскар се плашел да не остане сиромашен на старост и затоа заминал за Кина.

„Доаѓам од сиромашно семејство. Тоа што заминав во Кина ми дава чувство на победник. Кина има финансиска моќ и фудбалерите не можат да одбијат такви понуди. Не ме интересираат критиките, јас размислувам за моето семејство и иднината. Не сакам да бидам сиромашен кога ќе остарам и да живеам во спомени“, вели Оскар.

Во клубот на сините од Лондон, Оскар имаше учинок од 21 погодок на 131 натпревар, а во својата кариера настапуваше уште и за бразилските Интернационал и Сао Пауло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.