Јувентус вчера славеше на гостувањето кај Кротоне со 2:0 во заостанатиот меч од 18.коло на италијанската Сериа А.
Со оглед на тоа дека Кротоне оваа сезона за прв пат во историјата на клубот се натпреварува во Сериа А, интересот за овој меч беше огромен. Еден од гостинските навивачи не успеал да купи влезница за мечот па се одлучил да се пријави во болница.
Причината е едноставна. Низ прозорот на болницата мечот можи да се следи без проблеми, затоа што е сместена во близина на стадионот, па од неа се гледа целиот стадион. Овој фан на Јуве пристигнал во болницата со цел да се прегледа и со надеж дека ќе биде хоспитализиран, но идејата не му поминала, па морал да се помири со тоа.
Сепак неговиот потег е за одбележување и претставува генијално дело.
El Hospital San Giovanni di Gio de Crotone se 'llena' para ver a la Juve https://t.co/mmM4736kI4 pic.twitter.com/O7t7ggdjOO
— ElDesmarque (@eldesmarque) February 8, 2017
А.Г.