Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти.
Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики.
Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа.
За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менуваше местото на живеење Египет, Сицилија, Далмација, и најпосле на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудољубив живот, на 80 години.