Се појавија аудио снимки од подморницата “Титан”

Властите најавија дека ќе се испита снимката од гласовите и разговорите на членовите на екипажот кои биле во подморницата Титаник, која исчезна додека се движеше кон остатоците од Титаник.

Инспекторите од Канада отишле до бродот „Полар принц“ за да пронајдат информации кои би можеле да бидат корисни во истрагата за исчезнувањето на подморницата „Титан“, која со екипаж од пет лица се упатила кон потонатиот брод Титаник, пренесува „Си-Ен-Ен“.  Ќе истражуваат гласови и снимки од разговори, односно аудио снимки кои биле зачувани на бродот „Полар принц“.

Кејти Фокс, претседателка на Одборот за безбедност на транспортот на Канада, вели дека целта на истрагата не е да се впери прстот кон никого и да се препише вината, туку да се открие што се случило и зошто се случило и што треба да се промени.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.