Основното општинско училиште “Kлимент Охридски” од Прилеп прераснува во вистинска убавина од образовна институција.
Домаќинското работење и раководење на училиштето од страна на директорот Ахил Јаков, но и неговите менаџерски способности, од ден на ден за ова училиште создаваат ремек дело.
Фотографиите кои следуваат во продолжение го прикажуваат новиот лик на еден од ходниците во училиштето.
Претходно ваков модерен и свеж лик добија ходниците во зградата за деца со посебни потреби во склоп на училиштето, и спортската сала.