Веќе 15 години по ред, KGJ3x3 го носи најдоброто од уличниот баскет во срцето на Прилеп! Оваа година повторно ќе имаме три дена исполнети со спорт, дружба и незаборавна атмосфера.
Oд вечерва, започнува 15-то јубилејно издание на одличниот турнир во баскет 3X3 “Кире Гаврилоски – Jане”. Tри дена исполнети со страст, конкуренција и одлични натпревари!
Оваа година, покрај одличните награди, турнирот ќе се игра и на нова подлога – онаква каква што се користи на 3×3 баскет натпреварите на олимпијадите.
Дечките од рано утрово неуморно работат за се да изгледа перфектно, а во моментов се прават последните подготовки.
Годинава турнирот има повеќе спонзори, а со тоа и наградите се побогати. Ќе се игра во две категории +18 и -17
Категорија +18
🥇 1. место – 25.000 денари + Дочек на Нова година во Белград
🥈 2. место – 10.000 денари + Ваучери за патување (4×40€)
🥉 3. место – 6.000 денари + Ваучери за патување (4×30€)
Категорија -17
🥇 1. место – Парична награда + Дочек на Нова година во Белград
🥈 2. место – Парична награда + Ваучери за патување (4×40€)
🥉 3. место – Парична награда + Ваучери за патување (4×30€)
Исто така за прв пат организаторите предвидоа и нова категорија – “Corporate”, па ќе имаме прилика да гледаме и одлични натпревари помеѓу вработени во прилепските компании.
Ова не е само турнир. Ова е традиција. Не го пропуштај петнаесетото поглавје на КГ3Х3!