Педесет и петгодишен маж, со иницијали Ш.В. починал додека го возел својот автомобил на патот Битола-Прилеп, пред Тополчани, пишува во полицискиот билтен на МВР.
Од МВР велат дека управувајќи го возилото, со прилепски регистарски ознаки, тој се пожалил на болки во градите на сопатничката Л.В.М..
Извршен бил увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.