Ниту еден медиум не може со сигурност да ги потврди информациите кои на било каков начин се поврзани со ситуацијата во Украина и Русија.
Во изминатите неколку дена слушавме сведоштва за “Духот од Киев” кој соборил 6 руски авиони, за војниците од Змискиот остров кои биле елиминирани од руската вojска и многу други. Дел од овие информации се потвди дека се делумно или целосно неточни.
Денес на социјалните мрежи Украинците споделуваат фотографија од Црвениот плоштад во Москва кој е затворен за туристи. Тие тврдат дека луѓето не смеат да пречекорат преку оградата. Како и да е, оваа информација не можеме да ја потвдиме во целост, барем не засега.