По повод големиот христијански празник Св. Илија Илинден, истоимениот манастир во с. Кален мариовско широко ги отвара портите за верниците.
Божјиот храм сместен во живописната природа на мариовскиот недопрен регион и оваа година очекува голем број посетители, кои заедно ќе се помолат и ќе го прослават духот на Илинден.
Вечерната литургија ќе се служи на 01.08. август со почеток од 18:00 часот, а утрената на 02.08 во утринските часови со почеток од 07:00 часот.
Храмот блеска од убавина, а природата на Мариовскиот регион е дополнителен декор на празничниот амбиент.
За забавата на гостите и верниците ќе се погрижат:
01.08. со почеток од 19:30ч – Форум бенд
02.08. со почеток од 10:30ч – Форум бенд заедно со познатата естрадна пејачка Татијана Стефановска
Бидете дел од едно најмасовните празнувања на Илинден во Македонија!