Православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово.
Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава.
Во црковниот храм Св. Преображение во Прилеп традиционално беше одбележана храмовата слава. Голем број верници го исполнија црковниот двор, запалија свеќа и се помолија за здравје.
Тропар на празникот:
“Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава, колку што можеа (да видат). По молитвите на Богородица и нас грешните да нé осветли Твојата вечна Светлина. Слава Тебе, Дарителу на Светлината.”
За многу години Празникот! Господ да им дарува здравје и спасение како на овогодинешните, така и на идните домаќини и на сите православни христијани!