Се одржа седмата велосипедска „Тура преку Сливa”

Изминатиот викенд по 7-ми пат се одржа планинската вело „Тура преку Слива-2020“.

Настанот започна во саботата за кога беше предвидено пристигнување и почнување со разместување на локации со дистанца за учесниците, кои пристигнаа во кампот во кругот на селската црква, и во околината на селото Штавица и нивна регистрација.

Потоа беше организирана велосипедска прошетка до село Чумов, како и посета во помали групи од максимум 5 луѓе на знаменитостите во селото, како што се археолошкото наоѓалиште и праисториско светилиште „Палатица” и Антропоморфната Стела во атарот на селото.

Поради настанатата ситуација со kopoнавирусот во вечерните часови немаше организирана забавна програма.

Утрото во неделата започна со планинарење до Врв Веслец 1322 м.н.в., а потоа започна рекреативната велосипедска тура.

Турата се одвиваше со почитување на критериумите за KOBИД-19, во групи од максимум 5 учесници. Првата пауза беше во село Бонче, а потоа учесниците пристигнаа кај кралската гробница “Старо Бонче”. Преку Подмол турата заврши во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица каде имаше организиран ручек.

Едно прекрасно адреналинско дружење кое за среќа се одржа и оваа година под вакви вонредни околности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.