Во организација на извидничкиот одред „Феникс“, Прилеп три дена беше домаќин на првиот извиднички натпревар, насловен „Прилеп те повикува„ на кој присуствуваа извидници од повеќе извиднички друштва од Македонија: Скопје, Кичево, Велес, Струмица, Охрид…
Извидничките одреди се натпреваруваа во орентација и задачи на карта, а најдобрите извиднички одред добија благодраници и медалји за својата успешност во натпреварувањето. Дел од наградите на учесниците им ги подели и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кои ја поддржа организцијата на овие млади луѓе во извидничко натпреварување. Тој истакна дека целта на ваките организации е пред се дружење, забава, стекнување на пријателства, како и запознавање на Прилеп, неговата околината и неговата историја, „што им овозможува на овие млади луѓе, вљубеници во природата,повторно да го посетат Прилеп.“-рече тој
Извидничката акција „Прилеп те повикува„ е во рамките на активносите кои се реализираат од страна на Сојузот на извидници на Македонија и е дел од третото коло во извидничката лига. Целта на оваа извидничка акција беше запознавање на Прилеп и неговата околина.
Извидничкиот одред „Феникс„ за прв пат ја организира оваа извидничка натпреварувачка акција, кој има за цел да ги развие капацитетите на младите за природата и извидништвото,а понатаму во своите извиднички организации да го подобрат работењето и да вклучи што повеќе млади луѓе во оваа организација.