Во рамките на проектот Француско -Македонски културен клуб, беше одржан настан во соработка на ИНФО СЕГА и професорките по француски јазик Мирјана Бошковска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Ирена Наумоска од ООУ „Гоце Делчев“, Весна Трајческа од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски- Питу“ и Љупка Томиќ од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” кои и оваа година придонесоа овој настан да биде успешен.
Француско -Македонската божиќна вечер беше организирана по втор пат од тимот на ИНФО СЕГА. На настанот настапија ученици со музички точки, комични театарски претстави, мјузикли, како и малата пинкова ѕвездичка Александра Трајческа!Исто така се читаа и пораки на француски јазик од рачно изработени новогодишни честитки. Во топла Божиќна атмосфера се забавуваа и радуваа децата од повеќе основни и средни училишта.