Се огласи момчето кое беше претепано во Аеродром: Ми изнудуваа пари и ме удираа со пиштол

Синоќа, пред угостителски објект на улица „Методија Шаторов Шарло“, 27-годишно момче беше брутало претепано, по што ударите падна во бесознание. Како што информираа од МВР, во врска со овој случај уапсени се 5 лица.

Во изјава за „Фокус“ се обиде да ни раскаже што се му се случувало во текот на вчерашниот ден.

„Сѐ се случи многу брзо. Не успеав да им ги видам лицата, а девојката што беше до мене ги препозна. Ме нападнаа 4-5 лица, кои претходно ми изнудуваа пари. Ме удираа со пиштол во главата, и два пати во ногата бев прободен со шрафцигер или нож. Едноставно, се обидуваа да ме убијат“, изјави В.Д.

Тој за Фокус кажа дека станува збор за лихвари, кои како што рече, се познати во Скопје по криминал и насилства.

„Станува збор за лихвари кои се познати во Скопје. Јас го имам вратено долгот што го имав кон нив, но тие ја бараа каматата. Поради тоа се случи сето ова.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.