Се менува името и на стадионот: „Филип Втори“ заминува во историјата

Владата пред две недели преку Агенцијата за спорт и млади побарала од сите национални спортски федерации да ги променат имињата во согласност со Преспанскиот договор, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски за „Ефимерида Тон Синдактон“.

Грчкиот весник го упатил ова прашање откако забележал дека фудбалскиот национален тим како домаќин на квалификацискиот натпревар против Летонија бил означен како „Македонија“ во меч што се одржа на 21 март на стадионот “Филип Втори” во рамки на квалификациите за Европското првенство 2020, пренесува Инфомакс.

Наместо „Филип Втори“, многу веројатно е да се вика „Национален стадион Скопје“, но исто така можно е да го носи името и на некој спонзор, доколку има заинтересирани компании кои би вложиле за да го добијат ексклузивното право за одреден временски период. Многу помала веројатноста е стадионот да добие име по некој познат фудбалер. Постои опција стадионот да го носи и името на тpaгично зaгинaтиoт поп пејач Тоше Проески.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.