Се менува Законот за извршители во Македонија – нема веќе блокада на сметка без предупредување

paridenari1

Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, извршителите нема веќе да им ги блокираат сметките на граѓаните без предупредување. Со овој акт се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот.

Истовремено, должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.

Со новиот закон, исто така, се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или куќен совет. Тоа значи дека со новата постапка ќе се избегнат трошоците што за комуналните сметки сега ги прават адвокатите, нотарите или, пак, судовите.

Законот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан на почетокот на 2016 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.