Младиот фотограф и кинематограф Горан Попоски од Прилеп го објави своето најново дело “Bear – Man” или во превод “Мечкари”.
Во 15-минутното видео, Попоски одново на уникатен начин ги претставува сите интересни работи поврзани со маскирањето на касапскиот еснаф во Прилеп, кои за Прочка се преправаат во познатите прилепски Мечкари.
Навистина одличен документарен филм кој во пресрет на 18-от Меѓународен фестивал “Прочка 2019” вреди да се погледне:
Претходно Горан направи документарни филмови и за Градскиот Саат во Старата прилепска чаршија и за манастирот Св. Преображение во село Зрзе.