Се засолниле од моќниот ураган во хотел, а потоа следувала вистинска драма: За цела среќа не одлетале во воздух (ФОТО+ВИДЕО)

Ураганот Мајкл рушел се пред себе на Флорида, посебно во Панама Сити.

Многумина побарале засолниште во хотелот “Kaнтри ин”, меѓутоа, набрзо кровот започнал да се руши, дел по дел.

Деловите паѓале на автомобилите и камионите на паркингот, а водата започнала да навлегува од секаде. Во еден момент се почувствувал силен мирис на гас. Кровот за време на рушењето ја оштетил и гасоводната цевка.

Цели два часа никој не можел да излезе надвор и да го исклучи гасот, а ниту спасителите можеле да влезат во хотелот. Ветерот достигнувал брзина од 200 километри на час, а дождот толку силно паѓал, што речиси ништо не се гледало.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.