Авто – Мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на превој Плетвар кај местото викано Ленишки мост се одвива по една коловозна лента со пропуштање.
Како што информираат оттаму, наизменичниот сообраќај е поради опожарено патничко моторно возило на коловозот.
Maркукуле дознава дека возилото се запалило веднаш после Ленишки мост и е марка “Голф 4”. Засега нема информации за повредени лица и за причините поради кои е настанат пожарот.