Се жалите дека по локалите кафето е скапо, погледнете колку чини најскапата шолја кафе

Кафетериите „Клач кофи Ростерс“ во своите локали во Јужна Калифорнија и Сан Франциско во понудата имаат ексклузивно „Елида Натурал Гејша 803 кафе“, кое е, според нивното кажување, најскапото кафе на светот.

Бројката 803 во името на кафето ја означува рекордната цена која е платена за фунта од органското зрно кафе на аукција во Панама.

Заради ограничената понуда избила вистинска „војна“ меѓу конкуренцијата за ретката „Арабика“ од Панама која има цветен вкус на чај налик на јасмин.

Во продажба биле само 100 фунти или 45 килограми кафе, од кое најмногу завршило во Јапонија, Кина и Тајван.

Според пишувањето на сајтот „Клач кофи Ростерс“, кафетеријата купила 4,5 килограми, што според нивните објаснувања е доволно за 80 шолји кафе.

Бев изненаден дека воопшто постои кафе од 75 долари за шолја, но е изненадувачки добро“, рекла Лорен Свенсон, една од муштериките кои го пробале т.н најскапо кафе на светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.