Се’ е полесно кога си кралица: Британската кралица има вработено жена која и ги разгазува новите обувки

Анџела Кели од 2002 година работи како стилистка на кралицата Елизабета и во својата нова книга „Кралицата, стилистката и плакарот“ открива интересни нешта за стилот на кралицата.

Елизабета, пак, целосно ја одобрила оваа книга и наскоро излегува од печат, па целиот свет ќе дознае нешто повеќе за нивниот специфичен однос.

Анџела има задача да ги разгазува новите чевли на кралицата, за да не ја стегаат. Исто така, точно знае дека на трката Ројал Ескот, освен на коњи, луѓето се обложуваат и на бојата на облеката на кралицата Елизабета. Таа во еден момент купила неколку различни шешири, за да може да ги „збуни“ обложувалниците.

Стилистката исто така открива и дека кралицата често го занемарува протоколот и се прегрнува јавно со личности кои ѝ се драги, како што беше случајот со Мишел Обама.

Во врска со кралскиот фустан за крштевање, Анџела открива дека бојата му ја обновуваат со јоркширски чај.

Книгата излегува наскоро, а оние кои ќе ја купат ќе имаат навистина уникатна можност да запознаат една поинаква страна на британската монархија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.