На 04.10.2025 година во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп, ќе се одржи 15. Меѓународен традиционален турнир во џудо “Прилеп Град Херој – 2025 ЦЕВИТАНА КУП”.
Турнирот е во организација на ЏК Сеишин – Прилеп со поддршка на Џудо федерацијата на Македонија. Истиот е за возрасните категории: деца, помлади пионери и пионери во машка и женска конкуренција, кои ќе се натпреваруваат во околу 40 тежински категории. Согласно досега пријавените клубови се очекуваат натпреварувачи од 10 држави и тоа: Словачка, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Турција, Англија и домашните клубови од Македонија.
Оваа година повторно има клубови од нови три држави кои за прв пат доаѓаат во Прилеп се тоа се Англија, Словачка и Турција со што турнирот го зголемува бројот на земји учеснички (10).
Клубот нема да ја одржи редовната прес конференцијата за јавноста и медиумите ( во петок на 03.10.2025) од причини што гостите од странство кои требаше да бидат дел од пресот ќе пристигнат во петок 03.10.2025 подоцна вечерта. Затоа претставниците на медиумите ќе можат да земат изјави на самиот ден на натпреварот во спортската сала каде ќе се одржува настанот.
Се покануваат сите љубители на боречките вештини да земат присуство и да ги проследат борбите во Сабота 04.10.2025 со почеток во 10.00 часот. Влезот е слободен.