Јаким Неделков, претседателот на СОНК денеска на прес конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.
Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.
„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, кажа Неделков.
Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.