Прилепчанецот Томе Петрески одново се врати во Франција, каде ќе го води тимот на Кан, женска екипа која се натпреварува во Д2 лигата.
Петрески кој претходно мина долги години и како играч и како тренер во Франција, настапуваше за Данкерк и ПСЖ.
Водеше тимови од Франција, Мароко, Бахреин и Косово, додека во Македонија ги водеше екипите на Младост Богданци, работеше во Тиквеш, Прилеп, како и машкиот и женскиот тим на Пелистер.