Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Особено повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови.
Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава. Температурата ќе се движи од 8 до 17 степени.