СЕЌАВАЊЕ НА МОЌНАТА ПОБЕДА: 11 јули 1999 година Победа-Перуџа на Градски во Прилеп

pobeda

Oваа година се навршуваат 18 години од големиот спектакл на градскиот стадион  “Гоце Делчев” во Прилеп, каде во рамките на второто коло од Интер Тото купот, се сретнаа екипите на Победа и Перуџа.

Пред 15.000 љубители на фудбалот, Победа се обидела да му се спротистави на италијанскиот калчолигаш и да го надмине резултатот од 1:0 со кој Италијанците дошле во Прилеп од првиот меч.

Но, резултатот од 0:0 во Прилеп, бил доволен за Перуџа да се пласира во наредното коло.

Сепак овој меч сеуште буди емоции, овој меч сеуште се памети од фудбалската јавност и ова е еден од ретките мечеви што претставуваат вистински спектакл и живеат вечно.

Погледнете како изгледал градскиот стадион “Гоце Делчев” на тој 11-ти јули 1999 година:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.