Сестрите Тамара и Теодора Илиоски oд Прилеп неприкосновени во Никшиќ! (ФОТО)

На 20.10.2024 година во Никшиќ, Црна Гора, се одржа 15. Меѓународен Турнир во Џудо “Трофејот на Никшиќ-2024”. На овој турнир учество зедоа вкупно 488 натпреварувачи од 41 клуб, од 5 држави, во многу силна конкуренција. ЏК Сеишин – Прилеп зеде учество со 7 натпреварувачи, а освоени се 5 медали (1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени).

Резултати поединечно:

1. Тамара Илиоска 1 во место
2. Теодора Илиоска 2 ро место
3. Матеја Николоска 3 то место
4. Дила Пупаловиќ 3 то место
5. Марко Ацески 3 то место
6. Јована Цветкоска 5 то место
7. Елдина Пупаловиќ 5 то место

Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Дејан Мицкоски, кои со оглед на големата конкуренција се задоволни од резултатите.

ЏК Сеишин-Прилеп продолжува со подготовки за следните меѓународни турнири.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.