Маријана и Мишела Димоски, македонските репрезентативки кои сега живеат и учат во Австралија, со резултатите што ги постигнаа на официјланите првенства на оваа држава добија стипендии од Институтот за спорт на Австралија и потпишаа договори – објави порталот “Ипон.мк”.
„Тестовите траеја три недели. Сите тестови беа позитивни. Тоа е врвна инстистуција која се грижи за врвните спортисти на Австралија од рангот на еден Јан Торп. Има седум нивоа на елитни спортисти за кои се грижи Институтот.
Прво е нивото подиум, во кое се вклучени Јан Торп и спортисти кои освоиле медали на Олимпијада.
Второ е подиум рејади, спортисти кои имаат пласман на светски првенства, Океанија, Комонвелтот во првите 5, и уште пет други нивоа. Има стипендија за домашни првенства и меѓународни, кои се во категоријата на меѓународни.
Стипендијата се состои во помош од експерти за спорт и доктори специјалисти за спортска медицина и перформанси, конидциони, психолошка подготовка нутриционизам и друга грижа на врвни спортски експерти, вклучувајќи и лични советници за каквибило прашања поврзани со напредок на стипендистите, како и комплетна спортска опрема“, вели нивниот тренер и татко Златко Димоски за “Ипон”.
Близначките Маријана и Мишела почнале со редивни тренинзи на Институтот каде што условите биле одлични.
„По секој тренинг имаат обезбедено исхрана и термини за релаксација во вода и санирање на замор и повреди со физиотрапевт. Утре ја добиваат опремата. И официјално се дел и рамо до рамо со елитните спортисти на Австралија во пливање, атлетика, сурфање, бејзбол, рагби, велосипедизазам. Многу се радосни и полни со енергија и мотив. Следната недела ќе настапат на континенталното Океанија првенство во Оукленд во Нов Зеланд“, истакнува Димоски.
Извор: “Ипон.мк”