
Серијата на успеси на Младите Франкофони од ООУ“Гоце Делчев“-Прилеп и понатаму продолжува. По освеното прво место на општински и регионален натпревар по правопис/спелување на француски јазик-2016, седмооделенката Софија Гешоска под менторство на наставничката Ирена Наумоска освои 3-то место на државниот натпревар по спелување кој се одржа на 3.12.2016 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески “во Скопје.

Учењето не е лесна работа, треба многу труд, вложување, откажување, но плодовите потоа се многу слатки. Наградите секогаш се една сатисфакција за вложениот труд, мој, на моите наставници и моите родители. Благодарност до наставничката Ирена Наумоска која ми ја влеа љубовта кон францускиот јазик,нејзината посветеност и професионалност ,благодарност кон останатите наставници како и до директорот Трајче Каралиоски кои секогаш ме поддржуваат на патот кон успехот-вели ученичката Софија Гешоска.
Нема поголема среќа за еден наставник од постигнатите успеси на неговите ученици. Патот кон успехот е тежок но вложениот труд секогаш носи и високи резултати. Нашето училиште е вистински расадник од вредни и талентирани ученици со кои е чест и задоволство да се работи а една од тие е и Софија Гешоска, која е ученичка за пример-вели наставничката Ирена Наумоска.

Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.