Раст на температурите и практично враќање на пролетта најавуваат метеоролозите во наредните неколку дена.
До крајот на месецот, секојдневно температурите ќе бидат во пораст.
По студеното утро денеска, од утре метеоролозите најавуваат минимални 6 степени, а во недела наутро температурите нема да се спуштат под 10 степени.
Трендот на затоплување ќе продолжи и на почетокот на ноември.
Нов студен бран кој ќе донесе мраз наутро не се очекува до средината на идниот месец.