Селото Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле во Општина Долнени. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м., a oд Прилеп е оддалечено 29 км. Според последниот попис во селото се запишани 23 жители, но има многу повеќе кои селото го посетуваат во викенди, за празници, кои се’ уште ги одржуваат своите наследени огништа.
Селото во 21 век е отсечено од светот, затоа што патот што води до него е во катастрофална состојба, прооден само за трактори и теренски возила.
Вода за пиење жителите користат од селски бунар, за која не е проверена здравствената исправност. Пред повеќе од 10 години бил започнат проект за приклучок на регионалниот водовод “Студенчица”, но од проектот останати се само главните цевки за довод на водата во близина на селото.
Конечното Решение за патот и водата, селаните го слушаат само во предизборните кампањи, а потоа пак по старо, сите забораваат на ова македонско село кое некогаш броело и до 200 жители.
Дали ќе дојде денот кога овие ветувања ќе станат реалност?
Дали жителите ќе добијат услови за достоинствен живот?





































